ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ ПРИНТЕРИ, ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ИЗНАЈМЕНИ ОД УТРОВО ГИ ЗЕМА ОТИ Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ

    ГРАД СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ ПРИНТЕРИ, ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ИЗНАЈМЕНИ ОД УТРОВО ГИ ЗЕМА ОТИ Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТОд кабинетот на градоначалничката Арсовска не добивме одговор како сега ќе функционира Градот со оглед дека новиот тендер уште не е завршен. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје од утрово остана без принтерите кои ги изнајмува. Од утрово, екипи од фирмата „Интек системи“ со која во октомври 2019 беше склучен договор за тригодишно изнајмување на 31 принтер и нивно одржување, од бараките на Градот ги земаат принтерите и ги товарат во камион.

    Сега во бараките за службите се останати само 4-5 принтери кои се сопственост на Градот, но се недоволни за службите. Принтери нема во сите бараки, па вработените немаат каде да печатат документи и матријали. Токму затоа со години се распишува тендер за изнајмување ваква опрема, а во моментов новиот тендер уште не е завршен и не се знае кога ќе бидат обезбедени нови.

    Од бараките на Градот вработени од фирмата „Интек системи“ ги земаа принтерите и се товарат во камион. (Фото: СДК.МК)

    Од фирмата „Интек системи“ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека си ги земаат принтерите оти договорот е раскинат по барање на Градот.

    По барање на Град Скопје договорот е раскинат бидјеќи се исцрпени средствата. Важноста на договорот е три години односно до октовмри годинава, што значи можеше да се обезбедат пари за да не се случи ова што во моментов се случува пред бараките. Но, тоа беше одлука на раководството и ние сега си ги повлекуваме принтерите“, ни изјави од фирмата „Интек системи“.

    Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска сè уште не добивме одговор зошто се земаат принтерите и како сега ќе функционира Градот, со оглед дека новиот тендер уште не е завршен односно во тек е еволуација на понудите. Обезбедување на нови принтери може да трае извесен период со оглед на тоа дека треба да се запазат и роковите за жалба доколку се избере фирма, па потоа ќе треба период на доставување и поврзување на принтерите.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира