СИЈАРТО ЈА ПОСЕТИЛ АРСОВСКА, ДОГОВОРИЛЕ ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА НА ГРАД СКОПЈЕ СО УНГАРИЈА

    СИЈАРТО ЈА ПОСЕТИЛ АРСОВСКА, ДОГОВОРИЛЕ ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА НА ГРАД СКОПЈЕ СО УНГАРИЈААрсовска беше почесен конзул на Унгарија во земјава, а се откажа од функцијата откако стана градоначалничка. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска имаше средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој е во посета на земјава, соопштија од нејзиниот кабинет.

    По средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, Сијарто во просториите на Град Скопје се сретнал со Арсовска, која беше почесен конзул на Унгарија.  Како што соопштија од кабинетот на Арсовска, на средбата со унгарскиот министер се разговарало за „приоритетите на новата локална власт како и за поголема соработка меѓу Градот и Унгарија“.

    „На средбата беше договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните“, велат од кабинетот на Арсовска.

    Арсовска во ноември се откажа од функцијата почесен конзул на Унгарија со седиште во Штип,  откако стана градоначалничка на Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира