СИТЕ 30 СТАНАРИ СЕ ЕВАКУИРАНИ ПО ПОЖАРОТ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО СЕЛОТО ЧЕМЕРСКО

    СИТЕ 30 СТАНАРИ СЕ ЕВАКУИРАНИ ПО ПОЖАРОТ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО СЕЛОТО ЧЕМЕРСКОНа терен се 10 пожарникари со 3 противпожарни возила и интервенираат. (Фото: КТВ телевизија)

    Триесет повозрасни лица, од кои петмина биле неподвижни, се безбедно извлечени по пожарот во Домот за стари лица во селото Чемерско (Општина Кавадарци), соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Од Регионалниот ЦУК во Велес соопштија дека има пожар во домот каде на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. Исто така, на терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски коли со 8 полицајци.

    „Според првите информации, прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во истиот дом биле сместени 30 постари луѓе од кои 5 биле неподвижни. Но, сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ке бидат евакуирани во Општата болница во Кавадарци. Во моментот кога е известен ЦУК, имало потреба од дополнителни возила од Итната медицинска помош (ИМП) Велес за транспорт на лицата кои се неподвижни, па  се координираше со ИМП Велес преку Центарот за управување со кризи Велес, да бидат упатени кон село Чемерско за да помогнат во транспортот“, соопшти ЦУК.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира