СИТЕ ЛОКАЛИ НА БИТОЛСКИ ШИРОК СОКАК ЗАТВОРИЈА ВО 18 ЧАСОТ, СЕ ПОЧИТУВА МЕРКАТА ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

    СИТЕ ЛОКАЛИ НА БИТОЛСКИ ШИРОК СОКАК ЗАТВОРИЈА ВО 18 ЧАСОТ, СЕ ПОЧИТУВА МЕРКАТА ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТОколу триесетина кафе-барови и други угостителски објекти лоцирани на Широк Сокак и околните улички, како и казината, вечерта ставија клуч на вратите и останаа празни, а контрола направи и Пазарната инспекција од Битола. (Фото: СДК.МК)

    Невообичаена атмосфера владееше синоќа на Широк Сокак во Битола. Амбиенталната улица позната по бројните локали остана празна. Кафетериите, пицериите и рестораните ја почитуваа забраната за работа после 18 часот, што вчера ја донесе Владата како мерка за да се спречи ширење на коронавирусот.

    Околу триесетина кафе-барови и други угостителски објекти лоцирани на Широк Сокак и околните улички, како и казината, вечерта ставија клуч на вратите и останаа празни. Контрола направи и Пазарната инспекција од Битола. Корзото кое секоја вечер врие од луѓе, вчера имаше само по некој минувач.

    Џагор се слушаше само од Градскиот парк каде беа собрани по неколку машки друштва, претежно средношколци.

    Од Општина Битола велат дека од денес, превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници ќе сообраќаат на линиите кои ги одржуваат до 17 часот. Дел од компаниите кои вршат јавен превоз на патници на социјалните мрежи објавија фотографии како вршат дезинфекција на превозните средства. Општина Битола побара сите возачи во авто-такси компании да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат возилата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира