СКОПЈАНИ НЕ ГИ ОСТАВИЈА КОЛИТЕ ОТИ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НЕ ЧИНИ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    СКОПЈАНИ НЕ ГИ ОСТАВИЈА КОЛИТЕ ОТИ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НЕ ЧИНИ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВМерките ќе бидат воведени повторно ако два дена по ред има загадување над дозволеното. - Скопјани се качуваат во автобус на ЈСП (Фото:СДК.МК)

    Од утре се укинува бесплатниот јавен автобуски превоз во Скопје оти загадување на воздухот е во рамки на дозволеното, кажа денеска градоначалникот Петре Шилегов.

    Вчера попладне Град Скопје донесе мерки за намалување на загадувањето на воздухот откако изминатите два дена нивото на ПM честичките беше над дозволеното ниво, но, како што кажа Шилегов, граѓаните не ги оставија автомобилите дома и не го користеа јавниот превоз, поради лошиот концепт на јавниот превоз.

    Денеска времето се расчисти и мерката за бесплатен автобуски превоз нема да важи од утре. Мерките ќе бидат воведени повторно ако два дена по ред има загадување над дозволеното согласно препораките од Владата. Немам впечаток дека граѓаните ги оставија автомобилите дома и го користеа јавниот превоз. Но тоа е и поради лошиот концепт на јавниот превоз, за што ние работиме да го измениме“, рече градоначалникот Шилегов.

    Мерката за бесплатен автобуски превоз важеше вчера попладне и денес. Покрај тоа Градот вчера забрани изведување на градежни работи, а Шилегов побара Општините да га ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, како и да се засилат инспекциските контроли.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира