СКОПЈАНИ ПИЈАТ НАЈЧИСТА ВОДА ВО ЕВРОПА, СЕ ФИЛТРИРА ПРИРОДНО 30 ГОДИНИ, ВЕЛАТ ШИЛЕГОВ И ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ ВЕСКОВСКИ

    СКОПЈАНИ ПИЈАТ НАЈЧИСТА ВОДА ВО ЕВРОПА, СЕ ФИЛТРИРА ПРИРОДНО 30 ГОДИНИ, ВЕЛАТ ШИЛЕГОВ И ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“ ВЕСКОВСКИШилегов и Весковски при посета на изворот Рашче порачаа дека информациите кои се пласираат во јавноста дека водата во Скопје е загадена, се лажни вести со кои одредени поединци поттикнати од партиски интереси сакаат да внесат страв и загриженост кај граѓаните. (Фото: СДК.МК)

    Водата во Скопје е најчиста, константна и е по потекло од еден хидрогеолошки феномен кој е единствен во Европа, рекоа денес директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов при посетата на изворот Рашче на Денот на водата.

    Тие порачаа дека информациите кои се пласираат во јавноста дека водата во Скопје е загадена, се лажни вести со кои одредени поединци поттикнати од партиски интереси сакаат да внесат страв и загриженост кај граѓаните.

    Каптажа Рашче 1. (Фото: СДК.МК)

    „Скопјани ја пијат најубавата вода во Македонија. Водата е најчиста, константна и е по потекло од еден хидрогеолошки феномен кој е единствен во Европа. Водата која се дистрибуираме како вода за пиење е идеално балансирана, никогаш не е заматена, со константна температура и со благи варијации во состaвот во текот на годишните времиња. Жеден е филтерот на водата. Сета вода од Шар планина се филтрира низ жеденскиот масив“, рече Зоран Божиновски директор на Центарот за санитарна контрола на изворот Рашче.

    Од вкупната водоводна мрежа 8 отсто од цевките се азбесни. Од јавното претпријатие велат азбесните цевки не биле проблематични за квалитетот на водата.

    „Кога имате дефект на цевка, во моментот кога ја сечете таа цевка, прашината која што излегува од таа цевка таа е пробламатична. цевката како цевка не претставува проблем за водоснабдувањето. Азесни цевки има во Драчево и Ченто работиме на нивно менување“. вели директорот на „Водовод и канализација“ Весковски.

    Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека водата која ја пијат скопјани е стара 30 години, односно толку време треба да помине од изворот на Шар планина додека стигне до домовите на граѓаните.

    „Невозможно е водата во Скопје да биде загадена, таа е една од трите најдобри во Европа. Водата што ја пиеме е 30 година толку е потребно низ природните филтри, водата од Шар планина да го помине патот и да се филтрира. Скопје и Виена се единствените градови кои го овозможуваат овој феномен. Граѓаните да не подлегнуваат на изјави кои шират лажни вести и се обидуваат да внесат страв и загриженост“, рече Шилегов.

    „Има прелив на водата и таа не оди во дистрибутивната мрежа туку во раката Вардар. Имаме резервни извори, граѓаните на Скопје не треба да се грижат дали ќе имаат доволно вода, со кој квалитет и во кој период од денот“, вели директорот на Центарот за санитарна контрола на изворот Рашче. Божиновски.

    Во моментов Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ работат на истражување на алтернативни извори на вода. Се истражуваат реката Кадина, Мала река, Патишка река и изворот Врело кој како што велат од „Водовод“ има квалитет многу близу до изворот Рашче.

    „Во текот на јуни ќе биде готов извештај за евентуално користење на нови извори. Водата ја има во вишок. Има прелив на водата и таа не оди во дистрибутивната мрежа туку во раката Вардар. Имаме резервни извори, граѓаните на Скопје не треба да се грижат дали ќе имаат доволно вода, со кој квалитет и во кој период од денот“, рече Божиновски.

    Секој ден примероци вода се земаат од 36 локации во Скопје и се испитуваат во лабораторијата на „Водовод“ (Фото: СДК.МК)

    Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека ја имаат најсовремената технологија и лабораторија за испитување на квалитетот на водата.

    „Секој ден се земаат примероци од 36 локации во градот и се врши испитување на квалитетот на водата. Доколку граѓаните  сакаат да им се испита кавлитетот на водата која ја пијат во нивните домови, можат да се јават на нашиот контакт центар и ние веднаш ќе испратиме екипи кои ќе земат примерот и ќе им ги достават резултатите“, рече директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Весковски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира