СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ НА ТОЧАК, ПОРАКА ОД ВЕЛОСИПЕДСКИОТ КАРАВАН ВО ГЛАВНИОТ ГРАД

    СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ НА ТОЧАК, ПОРАКА ОД ВЕЛОСИПЕДСКИОТ КАРАВАН ВО ГЛАВНИОТ ГРАДНастанот организиран под покровителство на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје со партнерите „Бајк центар“ и „Пробајк Скопје“, има за цел да се покаже на граѓаните дека градот може да живее на велосипед.(Фото: СДК.МК)

    Стотина граѓани денеска низ скопските улици и булевари возеа велосипед во рамките на велосипедскиот караван „Скопје на точак“. Настанот организиран под покровителство на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје со партнерите „Бајк центар“ и „Пробајк Скопје“, има за цел да се покаже на граѓаните дека градот може да живее на велосипед.

    Организаторите велат дека сакаат да го вратат духот на минатото, кога во 60-години во Скопје на улиците имало илјадници велосипеди и немало место каде да се паркираат.

    Организаторите велат дека сакаат да го вратат духот на минатото, кога во 60-години во Скопје на улиците имало илјадници велосипеди и немало место каде да се паркираат. (Фото: СДК.МК)

    „Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. Сакаме да ги мотивираме граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство што прдоинесува за здрава животна средина, а учесниците во сообраќајот да ги почитуваат велосипедистите“, велат организаторите.

    Стартот на велосипедскиот караван беше на булеварот Илинден кај фонтаната „Лотосов цвет“. Од таму се возеше до ТЦ„Сити мол“, преку улицата Љубљанска, Теодосиј Гологанов, низ центарот на градот по улиците Димитрие Чуповски и 11 Октомври. Од булеваварот Кочо Рацин велосипедистите се упатија кон мостот Гоце Делчев и повторно по булеварот Илинден до фонтаната во парк, каде беше крајот на турата.

     

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира