ЈП „Комунална хигиена“ купи 30 специјални возила за собирање на ѓубрето од домаќинствата и пет цистерни за миење на улиците. Вредноста на набавката според договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки е 3,2 милиони евра.
Како што стои во спецификацијата купени се пет специјални комунални возила за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 1,1 и 5 метри кубни, пет возила за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад од 120 литри, десет специјални возило за собирање и транспортирање на комунален отпад од садови за отпад со капацитет на надградба до 5 метри кубни и пет возила со капацитет на надградба до 1,5 метар кубен. Купени се и два кипери и пет цистерни за миење на улиците.
Претпријатието набави и десет метлачки за чистење на улици, а вредноста на овој договор е милион евра.
Новите комунални возила ќе бидат дел од возниот парк пролетва, а како што велат од претпријатието тие во голема мера ќе придонесат за хигиената во градот.
А. АНТЕВСКА