СКОПСКАТА УЛИЦА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ КАЈ КЛУБ НА ПРАТЕНИЦИ ЛЕТОВО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА, НЕМА ПРОСТОР ЗА УШТЕ ЕДНА ЛЕНТА

    СКОПСКАТА УЛИЦА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ КАЈ КЛУБ НА ПРАТЕНИЦИ ЛЕТОВО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА, НЕМА ПРОСТОР ЗА УШТЕ ЕДНА ЛЕНТАЌе се реновира потегот од раскрсницата со булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка црква. (Фото: К. Попов)

    Град Скопје летово ќе ја реконструира улицата Теодосиј Гологанов кај Клубот на пратеници. Распишан е тендерот за избор на фирма која ќе го реновира потегот од раскрсницата со булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка црква.

    Овој потег во центарот на градот е во очајна состојба, коловозот на секој чекор е со прокопи, тротоарите се неуредени и на дел окупирани од возила. Од Градот велат дека со реконструкцијата овој дел од градот ќе добие нов лик.

    „Според проектот, улицата останува со три сообраќајни ленти односно нема простор за проширување. Покрај тоа што ќе се обнови асфалтот,  улицата ќе добие велосипедска патека, ќе се обноват комплетно тротоарите, ќе се засади ново зеленило и постави урбана опрема“, велат од Град Скопје.

    Летово низ Скопје ќе се реновираат неколку улици меѓу кои се улицата Лука Геров во населбата Даме Груев, третата фаза од Индира Ганди во Шуто Оризари, улицата Васко Карангелески во Аеродром, булеварот Крсте Петков Мисирков кај МАНУ.

    Ќе стартуваат градежните работи и за продолжување на булеварот Борис Трајковски до Драчево. Станува збор за потег во должина од над 2 километри. Според проектот, сообраќајница ќе добие 4 сообраќајни ленти, пешачки и велосипедски патеки, модерно и енергетски ефикасно јавно осветлување, како и дополнителна комунална инфраструктура. На овој потег потребно е да се изврши експропријација, за што ќе бидат потребни околу еден милион евра. Целиот проект ќе чини околу 4 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира