СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ ПОДНЕСАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ АРСОВСКА ОТИ ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

    СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЌЕ ПОДНЕСАТ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ АРСОВСКА ОТИ ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕОпштинските градоначалници побараа разумност од Градот и во рок од 48 часа да постапи,  бидејќи тие немаат доволно капацитети да го соберат сметот. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалниците на скопските општини ќе поднесат кривична пријава против градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска оти го загрозува здравјето на граѓаните. Градоначалниците кои денес имаа состанок, рекоа дека тоа ќе следи ако на депонијата „Дрисла“ не се пуштат камионите со кои општините сами го собираат сметот по протестот на „ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје.

    „И утрово не се пуштаат камионите. Возилата на Општина Центар се пред ‘Дрисла’ и не даваат да го депонираме сметот. Тоа е јавно претпријатие за депонирање на отпадот од цело Скопје. Повикуваме да се пуштат камионите, оти ќе поднесеме кривични пријави”, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода.

    Тие побараа разумност од Градот и во рок од 48 часа да постапи,  бидејќи тие немаат доволно капацитети да го соберат сметот.

    Контактирале и со Министерството за животна средина да се помогне во депонирањето на ѓубрето.

    Градоначалничката Аросвска на Фејсбук објави дека „Скопје се чисти, екипите на ‘Комунална хигиена’ се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана“.

    Од „Дрисла“ синоќа не дозволија камионите со смет да влезат на депонијата, по што градоначалниците одлучија да го истурат ѓубрето пред влезот за да можат да продолжат со чистење. Синоќа, скопските општини со помош од другите градови почнаа да го чистат ѓубрето од улиците бидејќи „Комунална хигиена“ два дена не излегуваше на терен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира