СЛЕПИТЕ ЛИЦА ОД БИТОЛА ЌЕ МОЖЕ ДА КОРИСТАТ КОМПЈУТЕРИ И ИНТЕРНЕТ

    СЛЕПИТЕ ЛИЦА ОД БИТОЛА ЌЕ МОЖЕ ДА КОРИСТАТ КОМПЈУТЕРИ И ИНТЕРНЕТБитолскиот Сојуз на слепи доби донација на лаптопи со специјализиран софтвер кој ќе им овозможи на слепите лица користење Интернет (Фото: СДК.МК)

    Компјутерска опрема со специјализиран софтвер кој ќе им овозможи на слепите лица користење на Интернет, денес беше донирана од институтот ГАУС и Хуманитарниот базар на НАТО во Сојузот на слепи лица во Битола.

    „Донацијата се состои од 10 лаптоп компјутери, печатар, мрежна опрема за поврзување на Интернет. Компјутерите содржат специјализиран софтвер прилагоден на македонски јазик. Корисниците на оваа донација ќе можат да навлезат во светот на Интернетот и информатичките технологии преку користење на компјутерите со гласовни информации“, рече Игор Неделковски од ГАУС.

    Во Битола има 200 слепи лица кои ретко имаат можност да користат компјутери, а повеќето немаат воопшто вакво искуство.

    „Досега компјутери користеа само тиа што имаа во своите домови. Но, со вакви програми  немале. Ова со звучните информации ќе значи напредок за нас, зашто ќе се праќаат податоци по мејлови и ќе бидиме поблиску до случувањата во светот“, рече Владо Димитровски, претседател на Здружението на слепи од Битола.

    Донацијата од НАТО чини 10.000 евра за компјутерите, а од ГАУС Институтот ќе ја спроведат обуката.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира