СМЕНЕТ ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ ОТИ НЕ САКАЛ ДА ГО ВРАБОТИ БЕНИ ШАЌИРИ, АРСОВСКА ЗА НОВ В.Д. ДИРЕКТОР ПОСТАВИ ДЕТЕКТИВ

    СМЕНЕТ ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ ОТИ НЕ САКАЛ ДА ГО ВРАБОТИ БЕНИ ШАЌИРИ, АРСОВСКА ЗА НОВ В.Д. ДИРЕКТОР ПОСТАВИ ДЕТЕКТИВМКЦ годинава ја доби наградата „13 Ноември“ за заслуги од областа на културата. - Од годинашното доделување на наградите (Фото: Град Скопје)

    Досегашниот директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) Ванчо Богоев е разрешен од функцијата и на негово место Данела Арсовска го назначи Никола Алексов.

    Како што велат од Програмскиот колегиум на МКЦ, Богоев кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ велат дека генералниот секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

    Бидејќи, сега веќе ексдиректорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција“, велат од МКЦ.

    Од таму додаваат дека годинава МКЦ ја доби од Град Скопје наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, по повод 50 годишниот јубилеј. Само два месеци подоцна се разрешува в.д. директорот кој е награден и се поставува нов.

    Арсовска денеска постави нови директор и на „Водовод и канализација“ и Зоолошка градина. Во „Водовод“ нов в.д. е Драган Илиевски кој досега беше директор во Зоолошка, а во градината Зоран Попов кој е вработен пред 6 месеци како дел од тимот на Илиевски.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира