СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌААТ И СО СКЕНИРАЊЕ

    СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА ОД СКОПСКИ „ВОДОВОД“ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАЌААТ И СО СКЕНИРАЊЕНа фактурите за месец април е поставен персонализиран код со чие скенирање корисниците се поврзуваат со електронската услуга. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Скопје од денеска сметките за вода можат да ги плаќаат со скенирање. На фактурите за месец април е поставен персонализиран код, со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга ‘инстан плаќање‘ и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија.

    „Ја зголемуваме достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација,  дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата поставени на неколку локации низ градот“, велат од ЈП „Водовод и канализација.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира