СО ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ЕУ, НА ГАЛИЧИЦА ДОНЕСЕНИ ПРВИТЕ ЕЛЕНИ

    СО ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ЕУ, НА ГАЛИЧИЦА ДОНЕСЕНИ ПРВИТЕ ЕЛЕНИЕлените ќе ја поминат зимата во специјално изграден репродуктивен центар (Фото: СДК.МК)

    Во националниот парк Галичица пристигнаа првите елени, кои се сместени во репродуктивен центар, изграден специјално за оваа намена. Со големина од осумдесетина хектари, тој оваа зима ќе биде дом на 30 елени (24 женки и шест мажјаци) и ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

    „Проектот вреден 340.000 евра е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја. Оваа Програма, која опфаќа повеќе проекти низ целата земја, изнесува 4,3 милиони евра, а се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање”, соопштија од националниот парк Галичица.

    Во рамките на проектот, националниот парк Галичица се грижи и за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми, со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. Репродуктивниот центар нема да се користи како ловиште.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира