СО ЌЕСИ И ЈУТА СЕ ЗАШТИТУВААТ ЕДИНСТВЕНИТЕ ПАЛМИ ВО СКОПЈЕ КОИ НЕ СЕ ИСУШИЈА

    СО ЌЕСИ И ЈУТА СЕ ЗАШТИТУВААТ ЕДИНСТВЕНИТЕ ПАЛМИ ВО СКОПЈЕ КОИ НЕ СЕ ИСУШИЈАДесетте палми на кејот во центарот на Скопје се единствените кои преживеаа од вкупно 138 кои беа засадени во 2015. (Фото: Паркови и зеленило)

    Деновиве, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ со ќеси ги заштитуваа крошните на палмите на кејот на Вардар во Скопје. Потоа, како што објаснуваат од претпријатието, ќе следи  обложување на стеблата со јутена обвивка.

    „Палмите ги заштитуваме за за да можат да ги издржат минусните температури. Напролет ќе биде извадена заштитата“, велат од „Паркови и зеленило“.

    Десетте палми на кејот во центарот на Скопје се единствените кои преживеаа од вкупно 138 кои беа засадени 2015 во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Како дел од проект на „Македонски шуми“, за милион евра низ цела Македонија беа засадени 1.100 палми. Иако се проект на „Македонски шуми“ како владина инвестиција, палмите се голем трошок за „Паркови“ кои ја добија обврската да ги засадат и да ги одржуваат и покрај укажувањата дека такви дрвја не се погодни за скопската клима.

    Секоја зима, поради ниските температури дел од палмите се сушеа и само за неколку години останаа само десетте посадени на кејот на реката Вардар.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира