СО КОВИД-19 СМЕ ВО ПАТ ПОЗИЦИЈА, ЕПИДЕМИЈАТА МОЖЕ ГАЛОПИРАЧКИ ДА СЕ ВРАТИ, ВЕЛАТ АНАЛИЗИТЕ НА ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИ

    СО КОВИД-19 СМЕ ВО ПАТ ПОЗИЦИЈА, ЕПИДЕМИЈАТА МОЖЕ ГАЛОПИРАЧКИ ДА СЕ ВРАТИ, ВЕЛАТ АНАЛИЗИТЕ НА ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКОВСКИОхрабрени од брзото стивнување на епидемијата, на 30 април беа олеснати мерките за заштита, а на последиците не мораше да се чекаме долго, R-0 започна полека, но сигурно да расте и моментално е околу единица. Да немаме лажен оптимизам, бројот на новозаразени притоа се наголемува со константна брзина, по аритметичка прогресија, за среќа, не по геометриска“, професорот Дејан Трајковски. (Фото: К. Попов)

    Со болеста КОВИД-19 сме во пат позиција, тоа го покажува репродукциониот број R-0 (ер нула) кој е еднаков на еден, што значи дека бројот на новозаразени е во просек еднаков на збирот на оздравени и починати, покажуваат математичко- статистичките анализи на редовниот професор од Техничкиот факултет во Битола д-р Дејан Трајковски. Тој од почетокот на појавата на болеста до денес, на својот фејсбук профил објавува графикони за движењето на заразата во земјава добиени со примена на научна методолгија.

    Од почетокот на месецот, кај нас мерките се олеснети и мнозинството се опушти и започна да се однесува полежерно и порискантно. Последиците ги гледаме на првиот дијаграм во портокаловиот круг. Тоа се новозаразените, коишто според моделот не требаше да се појават, вели проф д-р Дејан Трајковски.

    „Вредноста на базичниот репродукционен број е R-0 = 1.07, веќе четврт ден е маргинално над единица. Ова би требало да биде сериозна опомена до надлежните да се позанимаваат посериозно со растурање на собири и на принудно одржување растојание меѓу луѓето. Работата виси на конец, епидемијата може за час да се врати во галопирачка фаза. Моменталното стивнување не се должи на колективен имунитет (одвај околу 1.300 лица имаат прележано КОВИД-19), туку на мерките за ограничување на контактите и намалувањето на бројот на активните случаи“, вели професорот во неговите анализи.

    Тој појаснува дека кога R-0 е поголемо од еден, епидемијата експоненцијално расте, а при R0 помало од еден експоненцијално опаѓа. При R-0 многу поголемо од единица, растот може да биде експлозивен (италијанско-шпанско сценарио). Во земјава, со пад на R-0 под единица за Велигден, епидемијата од забрзување премина во забавување.

    „Охрабрени од брзото стивнување на епидемијата, на 30 април беа олеснати мерките за заштита, а на последиците не мораше да се чекаме долго, R-0 започна полека, но сигурно да расте и моментално е околу единица. Да немаме лажен оптимизам, бројот на новозаразени притоа се наголемува со константна брзина, по аритметичка прогресија, за среќа, не по геометриска“, додава професорот.

    На вториот дијаграм гледаме и дека бројот на активни случаи денес би требало да биде околу 300, но тој е сѐ уште 400 и нема тенденција на опаѓање“, вели професорот Трајковски.

    Тој во своите математичко-статистички анализи примени и пресметки што се користени на Универзитетот во Сингапур, според SIR моделот, кои покажаа дека до 12 мај во земјава епидемијата со КОВИД-19 требаше да биде 97 проценти завршена.

    „Од почетокот на месецот, кај нас мерките се олеснети и мнозинството се опушти и започна да се однесува полежерно и порискантно. Последиците ги гледаме на првиот дијаграм во портокаловиот круг. Тоа се новозаразените, коишто според моделот не требаше да се појават. На вториот дијаграм гледаме и дека бројот на активни случаи денес би требало да биде околу 300, но тој е сѐ уште 400 и нема тенденција на опаѓање“, вели професорот Трајковски.

    До денес, во земјава вкупно ковид дијагностицирани се 1.839 лица, оздравени се 1.351,  починати се 106, а активни се 382.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира