СО СИРЕНА И ЕДНОМИНУТЕН МОЛК УТРЕ ПРОТЕСТ ПРЕД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ СМРТТА НА ДВЕ ДЕЦА ЗА 20 ДЕНА

    СО СИРЕНА И ЕДНОМИНУТЕН МОЛК УТРЕ ПРОТЕСТ ПРЕД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ПОРАДИ СМРТТА НА ДВЕ ДЕЦА ЗА 20 ДЕНАСлужбеното возило на министерот за здравство Фатмир Меџити кој вчера ја посети Битолската болница по смртта на новороденчето. (Фото: СДК.МК)

    Со вклучување на сирена утре во 17 часот пред Клиничката болница во Битола ќе има протест поради смртта на новороденчето кое завчера почина на Одделениетие за гинекологија и 5-годишната Јана Христовска која умре на 22 март на Педијатриското одделение во болницата.

    „Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме… Нека сирената ја означи алармантната сотојба во болницата, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги створиме час поскоро за да спасиме нечии живот“, најави Игор Петковски, кумот на Јана.

    Новороденчето почина во неделата, а министерот Фатмир Меџити при посетата на Клиничката болница рече дека според првичниот извештај, бебето било живо родено со брадикардија и имало белодробно срцево оживување.

    Денес треба да започне вонредниот инспекциски назор од Државниот здравствен и санитарен инспкеторат (ДЗСИ) за да се утврдат причините за смртта на новороденчето. Ова за нецел месец е втор ваков надзор, по смртта на 5-годишната Јана Христовска кога инспекторите не утврдија лекарска грешка при лекување на девојчето. Сепак, и по три недели, уште нема резултати од обдукцијата.

    По двете трагедии, директорот на болницата Александар Обедниковски најави дека денеска ќе си поднесе оставка од морални причини.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира