СО ЗАСАДЕНИТЕ 15.000 ДРВЈА И ДЕКОРАТИВНИ САДНИЦИ МУ ДАДОВМЕ НОВ ЛИК НА СКОПЈЕ, ВЕЛАТ ОД „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“

    СО ЗАСАДЕНИТЕ 15.000 ДРВЈА И ДЕКОРАТИВНИ САДНИЦИ МУ ДАДОВМЕ НОВ ЛИК НА СКОПЈЕ, ВЕЛАТ ОД „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“Дрворед и украсно зеленило на булеварот Гоце Делчев. (Фото: Град Скопје)

    Околу 15.000 дрвја и садници се засадени долж скопските булевари, улици и паркови во есенската акција за зазеленување на градот. Од ЈП „Паркови и зеленило“, кое заедно со Град Скопје ја спроведе набавката на дрвјата, велат засадени се висококвалитетни дрвја и декоративни садници кои веднаш ќе влезат во еко системот и ќе допринесат за зелено и чисто Скопје.

    „Се работи за садници кои се повеќегодишни, со веќе оформена крошна и со своите карактеристики ќе ја овозможат својата функција и естетика. Заседивме повеќе видови на дрвја како гинко, роза, фотинија, магнолија, на булеварот 8 Септември го направивме првиот црвен дрворед, ги оплеменивме во паркови депониите во Кисела Вода и Аеродром. На Пластичарска подигнавме зеленило, направивме дрвоеди со стотина дрвја на новите булевари АСНОМ и Христијан Тодоровски-Карпош. Во март продолжуваме со пролетната акција, со што Скопје ќе добие новиот лик особено на булеварското зеленило, каде садиме украсни, декоративни садници кои се издвојуваат и му даваат посебен белег на Скопје“, вели директорот на ЈП „Паркови и зеленло’ Ардијан Муча.

    Набавката за дрвјата и саднциите за есенската акција за зазеленување на Скопје чини 650.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира