СОБРАНИ 20 КАМИОНИ ЃУБРЕ ОД ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА, „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ АПЕЛИРА ФИРМИТЕ ДА НЕ ФРЛААТ ОТПАД КАЈ ЌЕ СТИГНАТ

    СОБРАНИ 20 КАМИОНИ ЃУБРЕ ОД ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА, „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ АПЕЛИРА ФИРМИТЕ ДА НЕ ФРЛААТ ОТПАД КАЈ ЌЕ СТИГНАТОд јавното претпријатие велат дека ова е една од локациите каде собрале најмногу ѓубре и отпад и апелираат до граѓаните и стопанските субјекти за совесно однесување.(Фото: ЈП „Комунална хигиена)

    Триста метри кубни или 20 камиони ѓубре беа собрани во еднонеделната акција за чистење на патот кон Визбегово, Јадранска магистрала. Акцијата која минатиот викенд ја почна ЈП „Комунална хигиена“ во соработка со екипите на ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“, заврши денеска.

    Од претпријатието велат дека ова е една од локациите каде собрале најмногу ѓубре и отпад и апелираат до граѓаните и стопанските субјекти за совесно однесување.

    „Во рамките на акцијата беа исчистени приближно триста кубни метри отпад од диви депонии на потегот од булеварот Словенија кон Момин поток, а поради поволните временски услови се спроведуваше и машинско миење со автоцистерна. Резултатите од нашите активности нема да бидат долготрајни без помош на сопственици и вработени во компаниите и рестораните лоцирани на Јадранската магистрала. Апелираме до нив и ги замолуваме со нивното однесување да придонесете да се одржи хигиената на јавните површини во непосредна близина на вашите објекти и заедно да ја сочуваме чистотата на Јадранската магистрала“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари