СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО БАРААТ ДА НЕ СЕ РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО БАРААТ ДА НЕ СЕ РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат ја напуштија работата на седницата на Советот на општина Тетово, а овојпат причината беше Дневниот ред на 41 седница на Советот каде тие бараа да се отстрани точката од дневниот ред која се однесуваше на ребаланс на општинскиот Буџет за 2016 година.

    „Бараме за точката 8 од Дневниот ред, Измени и допoлнувања (ребаланс) на Буџетот на општина Тетово за 2016 година, да не се расправа на оваа седница и таа да се помести за наредната седница на Советот. Ова го бараме затоа што материјалот за седницата наместо во статутарниот рок од 8 дена, нас ни беше доставен само пред 3 дена и немаше доволно време да се подготвиме за оваа важна точка од дневниот ред. Мислам дека ова е тенденциозно направено само за да помине овој ребаланс. Исто така сакам да кажам дека вакви пропусти, односно ненавремено доставување на материјалите за седниците станува редовна појава“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Горан Јовановски.

    Претседавачот на Советот на Општина Тетово Хисен Џемаили рече дека материјалите биле на време доставени а ако советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги добиле може да биде поради некоја административна грешка. По ова Дневниот ред беше ставен на гласање и усвоен од мнозинството советници. Незадоволни од оваа одлука советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата на седницата.

    Во Советот на општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се коалициони партнери и го имаат мнозинството а заедно коалицираат уште од конституирањето на Советот. Сепак, во последниов период советниците од ВМРО-ДПМНЕ остро ја напаѓаа градоначалничката Арифи дека не направила ништо за жителите на Тетово посебно за оние од македонска припадност. Поради ова тие повеќе пати ја напуштаа седниците на Советот, а раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно држи прес-конференции на кои ја критикува градоначалничката Арифи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира