СОВЕТОТ НА БИТОЛА НЕМА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА И ПОКРАЈ ПРЕПОРАКАТА ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ПОСКАПУВАЊЕ

    СОВЕТОТ НА БИТОЛА НЕМА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА И ПОКРАЈ ПРЕПОРАКАТА ОД РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ПОСКАПУВАЊЕМнозинството советници нема да гласаат за поскапување на водата. - Од седницата на Советот на Општина Битола (Фото: СДК.МК)

    До покачување на цената на водата во Битола, сепак, нема да дојде. Владејачкото мнозинство во битолскиот Совет предводено од СДСМ ќе гласа воздржано по одлуката за утврдување на нова тарифа на водата за домаќинствата и фирмите, со што барањето за поскапување нема да биде изгласано.

    „Ние како владејачко мнозинство нема да ја зголемиме цената на водата за граѓаните. Се работи за закон донесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој надлежностите на цената на водата преминуваат во Регулаторна комисија за енергетика. Ова што денес го имаме е резултат на нивното владеење, односно утврдувањето на трошоците кои ги направиле во работењето и начинот на пресметка е донесен како закон од нив пред три-четири години. Ние ќе гласаме воздржано и нема да го поддржиме зголемувањето на цената на водата“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.

    Поскапување на водата за годинава од 4 денари беше побарано согласно решението на Регулаторната комисија за енергетика донесено во ноември минатата година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира