По неколкучасовните меѓусебни обвинувања меѓу советничките групи за тоа што сработила, а што не локалната власт во Битола и кој кого блокира во Советот, на крај сите советници со исклучок на Левица ја изгласаа завршната сметка на Општина Битола за 2023 година. Со тоа не се остварија најавите што можеа да се чујат од политичари во изминатите денови, дека Советот на Општина Битола ќе се самораспушти и ќе се организираат нови избори.
За завршата сметка „за“ гласаа 28 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ со коалиционите партнери, Поинаку, ДОМ, а „против“ гласаа двајцата советници на Левица.
Ж. ЗДРАВКОВСКА