СПАСЕНИ ТРИГОДИШНО ДЕТЕ И ТРОЈЦА ВОЗРАСНИ КОИ ВО НЕВРЕМЕТО ЗАГЛАВИЈА НА ЖИЧАРАТА НА ВОДНО

    СПАСЕНИ ТРИГОДИШНО ДЕТЕ И ТРОЈЦА ВОЗРАСНИ КОИ ВО НЕВРЕМЕТО ЗАГЛАВИЈА НА ЖИЧАРАТА НА ВОДНОМВР вчера ги спаси луѓето кои беа заглавени поради лошите временски услови и откако снема струја на жичарата. (Фото: МВР)

    Спасени се четири лица, меѓу кои едно тригодишно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно во Скопје поради лошите временски услови и откако снема струја на жичарата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    Според МВР, првично било пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла струја и тие стигнале до врвот на Водно. Меѓутоа, не можеле да се спуштат кон градот поради невремето и оти ак снемало струја.

    „Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција (ЕИП) и Единицата за брзо распоредување (ЕБР) преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштија кон Скопје, соопштени МВР.

    Во спасувањето учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира