СПОМЕНИКОТ НА ТИТО ВО ЦЕНТАРОТ НА КУМАНОВО ИШАРАН СО КУКАСТ КРСТ

    СПОМЕНИКОТ НА ТИТО ВО ЦЕНТАРОТ НА КУМАНОВО ИШАРАН СО КУКАСТ КРСТСпомен-плочата на Тито пред полноќ е ишарана со црна боја, нацртан е кукаст крст и испишани се навредливи пораки (Фото: СДК.МК)

    Спомен-плочата на претседателот на поранешната СФРЈ Јосип Броз Тито, која се наоѓа во центарот на Куманово, пред полноќ е ишарана со црна боја, нацртан е кукаст крст и испишани се навредливи пораки. Не е познато кој го вандализирал споменикот со нацистички симбол, а кумановската полиција работи на откривање.

    Според полициски избори, плочата била осквернавена околу 23 часот од средовечен маж, а имало и очевидци на настанот. По пријавување, започната е истрага за случајот. Од понеделник ќе бидат прегледани и видео записите на околните објекти и банки, заради откривање на сторителот.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на Фејсбук го осуди вандализирањето и апелираше до надлежните да го пронајдат и казнат сторителот.

    ента на споменикот поддржувачите на Тито положија цвеќе и го одбележаа некогашниот Ден на младоста 25 Мај (Фото: СДК.МК)

    „Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да нè поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото, фашизмот, и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија“, напиша Димитриевски.

    И претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска го оцени за срамно и кукавичко однесувањето на вандалите. Граѓаните на Куманово се згрозени од вандализмот и бараат извршителите на ова дело да се казнат.

    Сквернавењето на споменикот се случи вечерта на 25 Мај, на некогашниот Ден на младоста кога се славеше роденденот на тогашниот врховен командант и претседател, а дента на споменикот поддржувачите на Тито положија цвеќе и го одбележаа овој датум.

    По барање на Општината Куманово утринава екипи на јавните претпријатија излегоа на терен и ги исчистија графитите и чкртаниците од споменикот и плочникот.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира