СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАРКИНГ ВО ОХРИД КАКО БЛАГОДАРНОСТ ЗА ВАКЦИНИТЕ

    СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ПАРКИНГ ВО ОХРИД КАКО БЛАГОДАРНОСТ ЗА ВАКЦИНИТЕОслободувањето од плаќање паркинг е во знак на благодарност за донираните вакцини.(Фото: СДК.МК)

    Туристите од Србија кои летово ќе го посетат Охрид нема да плаќаат паркинг. Ова денеска го најави градоначалникот Константин Георгиески при посетата на Белград, додавајќи дека ваквата одлука ќе ја предложи на усвојување на Советот на Општина Охрид како знак на благодарност за донираните вакцини од Србија.

    Ослободувањето од плаќање паркинг доаѓа откако Владата донесе одлука српските туристи да не плаќаат патарини, но само на коридорот 10 кон Грција, а не и на автопатот Скопје-Гостивар.

    На ваката одлука реагираа туристичките работнци од Охрид кои сметаат мерките кои Владата ги презема треба да се задржат српските туристи кај нас како едни од најпосакуваните гости на охридско-струшката ривиера.

    Србија на Македонија досега ѝ донираше 48.000 дози вакцини – 8.000 од Фајзер и 40.000 од руската Спутник со кои се вакцинираа здравствените работници во ковид центрите, полицајците, војниците, пратениците, медиумските работници…

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира