СТАРОТО ШКОЛО ВО КУЧКОВО ЌЕ СТАНЕ ЦЕНТАР ЗА ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА БОЛНИ ОД РАК

    СТАРОТО ШКОЛО ВО КУЧКОВО ЌЕ СТАНЕ ЦЕНТАР ЗА ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА БОЛНИ ОД РАКОбјектот ќе се пренамени во место за лекување деца после терапиите во болница. (Фото: Општина Ѓорче Петров)

    Старото училиште во скопско Кучково ќе стане регионален центар за лекување деца кои имале рак. Објектот ќе се пренамени во место за лекување деца после терапиите во болница. Центарот ќе овозможи прием на децата, сместување, исхрана, психо-социјална поддршка, вежби за подобрување на физичката кондиција и нивно задолжително основно образование во институтот преку онлајн платформата.

    Овој проект се реализира преку грант од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа и за него аплицираа неколку Општини, а како најдобро решение беше избран проектот на Општина Ѓорче Петров.

    „Општина Ѓорче Петров односно Кучково е одбрано за место за реализација на овој значаен проект поради одличната местоположба. Се наоѓа блиску до градот, но сепак е мирно и изолирано место, со надморска височина од над 500 метри и чист воздух. Општина Ѓорче Петреов ќе ја обезбеди одржливоста на објектот по негово пуштање во употреба, односно по техничкиот прием“, велат од Општината.

    Центарот треба да биде готов и пуштен во употреба во 2024.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира