СТЕЧАЈОТ НА “ПОВАРДАРИЕ” ЌЕ ЗАГРОЗИ 7.000 ЛОЗАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Велес,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТЕЧАЈОТ НА “ПОВАРДАРИЕ” ЌЕ ЗАГРОЗИ 7.000 ЛОЗАРИ

    Протест пред Велешкиот суд денеска организираа околу триста лозари од Тиквешко, за да извршат притисок винарската визба “Повардарие” од Неготино да не оди во стечај после денешното судско рочиште. Кавадарчанецот Дане Јошев кој има 23 декари лозов насад е само еден од нив, во Велес дојде со организираниот автобуски превоз.

    „Член сум на Регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци. Со овој мирен протест, кој е најавен и во полиција, сакаме да упатиме јасна порака, дека не треба да се дозволи над винарницата да се спроведе стечајна постапка. Стечајот  плаши, од причина што стравуваме дека во такви услови нема да бидат намирени обврските кои винаријата ги има кон лозарите на име откупено грозје. Станува збор за големи суми кои производителите на грозје ги побаруваат од винарницата, од кои зависи судбината на многу лозарски семејства“, ни рече тој.

    Винарската визба соработува со околу седум илјади лозари од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во Македонија. По покрената постапка од доверител на винарницата, чие побарување таа го оспорува на суд, судот денеска одлучува дали винаријата ќе влезе во стечајна постапка.

    Јошев вели дека во случајов тие се залагаат за доброто на “Повардарие”, но ако винарската визба не ја исплати втората рата од долгот кон лозарите согласно законскиот рок, ваков протест ќе биде организиран и пред капијата на винаријата.

    На повикот на Агротиквешија, во Велес пристигнаа лозари од повеќе општини и населени места од Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во државата.  Во услови кога немаше каде да го пласираат грозјето, тие во најголем дел го предадоа во „Повардарие“. Наместо предвидените десетина,  винаријата откупи триесетина милиони килограми грозје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира