Стотина граѓани денеска протестираа марширајќи од Собранието до Владата барајќи од надлежните мерки против загадувањето на воздухот. Учесниците протестираа со маски и пароли „Сакаме чист воздух“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Неместо велосипед, купивме инхалатор“.
Организатор на протестот е граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“, која побара власта да не ги прекинува краткорочните мерки како што е бесплатниот превоз и да ги вклучи граѓаните, невладините организации и експертите во наоѓање долгорочно решение за загадувањето. Од иницијативата сметаат дека надлежните досега ништо не направиле за решавање на проблемот и дека поскапувањето на паркингот во деновите кога е загадено не е мерка, туку удирање по џебот на граѓаните, а сериозни чекори не се преземаат.
А. АНТЕВСКА