СТРАНСКИТЕ ВОЗАЧИ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ ОНЛАЈН КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ОТКАКО СЕ СОЗДАДОА ГУЖВИ НА „ТАБАНОВЦЕ“

    СТРАНСКИТЕ ВОЗАЧИ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ ОНЛАЈН КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ОТКАКО СЕ СОЗДАДОА ГУЖВИ НА „ТАБАНОВЦЕ“Во изминатите два дена на граничниот премин „Табановце“, за излез од државата се создадоа километарски колони и гужви на границата, затоа што започна наплатата на казните за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ за странци. (Фото:СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) стави во функција веб апликација со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која е наменета за сопствениците на возила со странски регистарски таблички. Апликацијата е воведена откако изминатите два дена се создаде хаос на граничниот премин „Табановце“, заради плаќање на казните за сторен сообраќаен прекршок на патиштата низ земјава.

    МВР соопшти дека преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

    „При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата кои тој ги користи во нашата држава. На овој начин, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини“, велат од МВР и додаваат дека апликацијата претставува значаен чекор во дигитализацијата на услугите поврзани со системот „Безбеден град“.

    Во изминатите два дена на граничниот премин „Табановце“, за излез од државата се создадоа километарски колони и гужви на границата, затоа што започна наплатата на казните за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ за странци. Возачите, кои транзитираат низ Македонија се жалеа дека организацијата околу воведувањето на новата обврска потфрлила, поради што чекаат со саати на високите температури.

    Од МВР, пак, рекоа дека станува збор за прв ден од примената на овој механизам и за евидентирани прекршоци од подолг период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира