СТРУМИЧАНИ ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА ЗА ГЕРМАНИЈА ДА ГИ ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ

    СТРУМИЧАНИ ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА ЗА ГЕРМАНИЈА ДА ГИ ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИСпоред германската регулатива, македонски државјанин може да управува моторно возило со македонска возачка најмногу шест месеци, но потоа ќе мора да полага возачки испит или да плаќа казни; - од собирањето потписи за петицијата во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Македонските иселеници во Германија почнаа да собираат потписи во Струмица и во останатите градови во земјава, за да упатат петиција до германските власти за признавање на македонските возачки дозволи. Петицијата е бидејки на македонските државјани кои ќе пријават престој во Германија не им се признава македонската возачка дозвола. Според нивната регулатива, македонски државјанин може да управува моторно возило со македонска возачка најмногу шест месеци, но потоа ќе мора да полага возачки испит или да плаќа казни.

    Според иницијаторите, недостасуваат десетина илјади потписи за да нивната петиција биде разгледана.

    „Имаме собрано околу 40 илјади потписи и во наредниве два месеца ќе мора да ги собереме сите 50 илјади за да нашето барање биде разгледано. Не е во ред поради непотпишани договори меѓу Македонија и Германија, македoнските државјани бидат обесправени. Во Германија признати се српските и босанските возачки, но не и македонските“, вели Наце Митев од иницијативата, која веќе три дена има поставено пулт и собира потписи во Струмица.

    Според последниот попис од 2015, во Германија се евидентирани околу 96 илјади македонски државјани чии возачки издадени од Македонија се невалидни, а постапката за преполагање на возачкиот испит чини околу 2.000 евра.

    Возачките дозволи од Македонија се признаени и може да се преведат во повеќе земји од ЕУ. Германија не ја признава, бидејки смета дека постапката за издавање дозвола во Македонија не е компатабилна со германските услови. За да се реши проблемот, министерствата за транспорт и врски на Македонија и Германија треба да потпишат договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, согласно Виенската конвенција за патен сообраќај, а потпишувањето се одолговлекува цели 25 години.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира