СТРУЖАНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ПА СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕ ПО КАВГА ДОДЕКА БИЛЕ НА ГОСТИ

    СТРУЖАНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ПА СЕ ОБИДЕЛ ДА СЕ САМОУБИЕ ПО КАВГА ДОДЕКА БИЛЕ НА ГОСТИПо обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и е вон животна опасност. (Фото: СДК.МК)

    Со повеќе убоди од нож, 39-годишен стружанец синоќа ја убил својата пет години помлада партнерка, по што се бидел да се самоубие. Убиството се случило додека биле на гости кај пријатели, каде сопружниците се скарале. Сопругот ѝ нанел неколку смртоносни убоди со нож и таа починала на лице место.

    По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и е вон животна опасност. Брачниот пар има и малолетни деца.

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во станот во Струга каде беше убиена жената на возраст од 34 години. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место се прибрани траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира