СТРУЖАНИ ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН НЕ СМЕАТ ДА ПИЈАТ ВОДА ОД ЧЕШМИТЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ

    СТРУЖАНИ ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН НЕ СМЕАТ ДА ПИЈАТ ВОДА ОД ЧЕШМИТЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТВодата од градскиот водовод во Струга и натаму не е здравствено безбедна за пиење. - Црн Дрим во Струга (Фото: СДК.МК)

    Веќе трет ден стружани не смеат да пијат вода од чешмите поради нејзината заматеност. Анализите на водата за пиење извршени од Центарот за јавно здравје од Охрид покажале дека матноста е сè уште над законски дозволеното ниво.

    „И денешните контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги изврши Центар за јавно здравје Охрид покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеуште над законски дозволената и прописана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга и натаму не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи и јавноста ке биде известена кога состојбата со квалитетот на водата ќе се нормализира”, вели Сашо Точко, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид

    Се верува дека заматеноста се јавила како резултат на големи дождови кои се влеваат во резервоарите за вода кај месноста Шум во близина на Струга од каде што градот главно се снабдува со вода. Јавното шретпријатие „Про-аква” пристапи кон чистење на резервоарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира