СТУДЕНТИ НА АРХИТЕКТУРА ЌЕ ГИ ДИЗАЈНИРААТ НОВИТЕ КЛУПИ И КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ ВО СКОПЈЕ

    СТУДЕНТИ НА АРХИТЕКТУРА ЌЕ ГИ ДИЗАЈНИРААТ НОВИТЕ КЛУПИ И КОРПИ ЗА ОТПАДОЦИ ВО СКОПЈЕСе бараат два вида на клупи и корпи за отпадоци, едни кои ќе бидат поставени на плоштади и во паркови и вторите покрај сообраќајници. Корпите за отпадоци треба да бидат во црвена боја или пак таа боја да доминира. - Градоначалникот Петре Шилегов и декенот на Архитектонски факултет Огнен Марина, ги повикаа студентите да понудат модерни решенија за градот (Фото: Град Скопје)

    Студентите на архитектура ќе го прават изгледот на новата урбана опрема која Град Скопје ќе ја поставува низ градот.

    Градоначалникот Петре Шилегов денес на Архитектонскиот факултет им ги претстави критериумите на студентите за изгледот на новата урбаната опрема и ги повика да учествуваат на конкурсот со креативни и модерни решенија.

    Според критериумите на конкурсот студентите треба да понудат решенија за изглед на корпи за отпадоци, клупи, како и заштитни столпчиња за зеленило. Се бараат два вида на клупи и корпи за отпадоци, едни кои ќе бидат поставени на плоштади и во паркови и вторите покрај сообраќајници. Корпите за отпадоци треба да бидат во црвена боја или пак таа боја да доминира, за како што кажаа од Град Скопје да бидат лесно воочливи, што ќе доведе до зголемување на хигиената.

    „На градот му треба нов лик. Студентите и младите треба да го дизајнираат градот онака како што тие го замислуваат. До сега решенијата се бирале во бараките во Град Скопје. Да направиме една нова приказна на градот, да го зголеми нивото на креативност и конкурентност. Не робувајте на стереотипите што ги има во градот, употребете ја вашата слобода и креативност, но понудете решенија кои се изводливи“, рече Шилегов.

    Конкурстот ќе биде објавен на веб страната на Град Скопје а ќе трае 35 дена од денот на објавување.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари