ТАЛЕСКИ СО ЦРВЕН ТЕПИХ ЈА ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА 

    ТАЛЕСКИ СО ЦРВЕН ТЕПИХ ЈА ПРЕЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА Тепихот поставен на примопредавањето на власта Општината го користеше по втор пат, првиот беше при посетата на поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ (Фото: СДК.МК)

    Со црвен тепих Општина Битола денес ја дочека новата градоначалничка Наташа Петровска. На тепихот ја поздрави досегашниот шеф на градоначалничкиот кабинет Ѓуро Илиќ, а во ходниците од Општината излегоа вработените да ја поздрават.

    Во кабинетот ја дочека ексградоначалникот Владимир Талески кој ѝпосака добредојде и успех, а таа му одговори „важно е да бидеме со добра мисла“.

    Во кабинетот Петровска ја дочека ексградоначалникот Владимир Талески кој ѝпосака добредојде и успех, а таа му одговори „важно е да бидеме со добра мисла“ (Фото: СДК.МК)

    Тепихот поставен на примопредавањето Општината го користеше по втор пат, првиот беше кога Општината ја посети поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ.

    Талески рече дека ова е историски момент за Општина Битола зашто за првпат добива градоначалничка и прв човек на Општината со толку голем број освоени гласови (над 31.000). Додаде дека Битола наоѓа повторно сили и капацитет за демократија, а на Петровска ѝпосака да биде градоначалничка на сите граѓани. На крај ѝго подариклучот на Општината.

    Петровска изјави дека ќе ја искористи цела енергија и знаење за посветено да работи во интерес на Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира