ТОА ШТО ЧАДИ НЕ Е ПРЕТОВАРНАТА СТАНИЦА, ТУКУ ГРАЃАНИ ЈА ПАЛАТ ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВАРДАРИШТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ПО НАЈАВИТЕ ЗА ПРОТЕСТ

    ТОА ШТО ЧАДИ НЕ Е ПРЕТОВАРНАТА СТАНИЦА, ТУКУ ГРАЃАНИ ЈА ПАЛАТ ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВАРДАРИШТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ПО НАЈАВИТЕ ЗА ПРОТЕСТЖителите тврдат дека ѓубрето што се собира низ Скопје, од претоварната станица не се носи на депонија „Дрисла“ туку таму се пали и секоја вечер се шири непријатна миризба низ населбите Маџари, Четно, Хиподром и Керамидница.(Фото: Фејсбук)

    Претоварната станица кај Вардариште е според сите стандарди и таму не се пали ѓубре, туку несовесни граѓани постојано ја потпалуваат дивата депонија, вели директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

    Жители на скопската населба Маџари денеска најавија дека в петок ќе организираат протест бидејќи тие и околните населби се гушат од смрдеа од ѓубрето кое секој ден се пали во претоварната станица на „Комунална хигиена“. Жителите тврдат дека ѓубрето што се собира низ Скопје, од претоварната станица не се носи на депонија „Дрисла“ туку таму се пали и секоја вечер се шири непријатна миризба низ населбите Маџари, Четно, Хиподром и Керамидница.

    Директорот на „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани велат дека секој граѓанин има право да протестира, но во овој случај обвинувањата не биле вистините.

    „Претоварната станица е според сите стандарди. Таму како и во Карпош 3 се врши селекција на отпад, а потоа ѓубрето се депонира на ‘Дрисла‘. Не е точно дека се пали во претоварната станица, се пали дивата депонијата Вардариште која постои со години “, вели Шабани.

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов постојано одговарајќи на новинарски прашања за проблемот со дивата депонија „Вардариште“, вели дека станува збор за сериозен проект и за чистењето на оваа депонија потребна е помош од централната власт бидејќи тоа чини многу.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира