ТОПОЛА ПАДНА ВРЗ ИГРАЛИШТЕ ДОДЕКА ТРЕНИРАЛЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ВЕЛЕС, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ТОПОЛА ПАДНА ВРЗ ИГРАЛИШТЕ ДОДЕКА ТРЕНИРАЛЕ ФУДБАЛЕРИ ВО ВЕЛЕС, НЕМА ПОВРЕДЕНИОд Општина Велес објаснуваат дека тополите биле предвидени за сечење, но невремето вчера било побрзо од нив.(Фото: СДК.МК)

    Вчера попладне на фудбалското игралиште на екипата на ФК „Превалец“ паднала топола. Инцидентот се случил околу 18.30 часот кога на теренот во велешката населба Превалец, тренирале фудбалерите на велешкиот третолигаш. Среќна околност е што паднала на половината од теренот каде не биле играчите.

    „Редно време е да се исечат тополите додека не настрадал некој. На игралиштето си играат и деца од населбата. Има и куќи во околината, штетата можеше да биде и поголема“, велат жителите на Превалец.

    Од Општина Велес објаснуваат дека тополите биле предвидени за сечење, но невремето вчера било побрзо од нив.

    „Паднатото дрво и уште други три се обележани со црвена боја односно напишана е буквата с, што е знак дека  треба да се сечат. Ветерот вчера беше побрз од екипата на ЈКП ‘Дервен‘ кои треба да го извршат сечењето“, велат од Општина Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира