На Инфективното одделение во Штип денеска почина пациент со коронавирус. Од Клиничката болница соопштија дека станува збор 86-годишен пациент кој имал и воспаление на белите дробови.
Со оглед на возраста, пациентот имал и коморбидитети, а бил хоспитализиран на 26 мај. Биле преземени мерки со препишана терапија, но утринава состојбата нагло му се влошила по што починал.
Ова е трет случај штипјанец да почине од коронавирус, последниот почина пред месец и пол. Денеска Штип бележи драстичен пад на бројот на новозаразените, позитивни се само две лица, па сега 187 се активни.
Т. ЈОВАНОВСКИ