ТРИ ДЕЦА ЗАГИНАА, ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ OД ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛИНСКА БОЦА ВО РОМАНОВЦЕ

    ТРИ ДЕЦА ЗАГИНАА, ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ OД ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛИНСКА БОЦА ВО РОМАНОВЦЕНесреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. (Фото: СДК.МК)

    Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце. Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.

    Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10.10 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.

    „Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

    Од МВР соопштија дека денеска околу 10 часот во Куманово – сел .Романовце во куќа сопственост на Ш. А. од експлозија на плинска боца настанал пожар во кој три лица починале на лице место, а шест лица се пренесени во Општа болница во Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди, но поради сериозноста на повредите истите ќе бидат префрлени во Ургентен центар Скопје.
    Известен е Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово упатена на лице место со цел утврдување причини кои довеле до несреќата.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира