ТРИ ВОЗИЛА ИЗГОРЕА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД

    ТРИ ВОЗИЛА ИЗГОРЕА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИДПожарникарите брзо реагирале и спречиле поголема материјална штета (Фото: СДК.МК)

    Утрово околу еден часот, кај полигонот за мали спортови, во центарот на Охрид изгореа три возила, од кои едно делумно. Информацијата ја потврди и портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

    Веднаш по дојавата за пожар, пристигнала екипа од противипожарната бригада од Охрид, која го изгаснала огнот на автомобилите, спречувајќи поголема материјална штета. Според првичните неофицијални информации, пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација на едно од возилата.

    Ова се случи неколку месеци откако беше запален автомобилот на познат охридски адвокат, но ова е прв случај да изгорат три автомобили одеднаш.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира