Тројца патници се повредени откако попладнево се преврте турски автобус полн со патници на раскрсницата на автопатот Куманово-Белград, во населбата Долно Којнаре. Според очевидци, автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот.
Од СВР Куманово велат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.
„Според првичните информации, три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.
На лице место е увидна екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.
С. НИКОЛИЌ