ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕВРТЕН ТУРСКИ АВТОБУС ВО КУМАНОВО

    ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕВРТЕН ТУРСКИ АВТОБУС ВО КУМАНОВОавтобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот. (Фото: СДК.МК)

    Тројца патници се повредени  откако попладнево се преврте турски автобус полн со патници  на раскрсницата на автопатот Куманово-Белград, во населбата Долно Којнаре. Според очевидци, автобусот се исклучил од автопатот и кога се вклучил на магистралниот пат кон Крива Паланка од непознати причини излетал од патот.

    Од СВР Куманово велат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристичка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.

    „Според првичните информации, три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.

    На лице место е увидна екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира