ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА НЕ НАШЛА НИШТО СПОРНО ВО ТЕКСТИЛНАТА ФАБРИКА ВО ВЕЛЕС КАДЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА ИМАШЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    ТРУДОВАТА ИНСПЕКЦИЈА НЕ НАШЛА НИШТО СПОРНО ВО ТЕКСТИЛНАТА ФАБРИКА ВО ВЕЛЕС КАДЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА ИМАШЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Инспекциите биле извршени без да стигнат поплаки од вработените до инспекцијата, но во период пред да се регистрираат првите случаи на коронавирусот, рече вишиот инспектор на труд м-р Амир Имер во Велес. (Фото: СДК.МК)

    Државниот трудов инспектор, во три наврати извршил вонредна инспекција во текстилната фабрика во Велес, каде беа регистрирани вработени позитивни на КОВИД -19. Инспекциите биле извршени без да стигнат поплаки од вработените до инспекцијата, но во период пред да се регистрираат првите случаи на коронавирусот, рече вишиот инспектор на труд м-р Амир Имер.

    Откако во текстилната фабрика во Велес при крајот на април и почетокот на мај се регистрирани повеќе случаи на заразени со коронавирусот, дел од вработените реагираа дека иако се жалеле оти имаат симптоми, биле принудувани да одат на работа сè додека не ги добијат тестовите.

    „До ден денес кај нас не е пристигната официјална претставка од страна на вработените во конфекцијата, но и покрај тоа извршени се три надзори и тоа на ден 14. 03. 2020, на 26. 03. 2020 и на 21. 04. 2020. Притоа е констатирано дека од страна на работодавачот се почитуваат мерките и препораките на Владата. Овозможено е право на платено отсуство на категориите лица кои ги следува согласно одлуките на Владата“, одговори на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК м-р Амир Имер, виш инспектор на труд, раководител на одделение по работни односи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира