УАПСЕНИ ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ВО КУМАНОВО КОИ ГО СИМНАА МАКЕДОНСКОТО И КРЕНАА ЗНАМЕ НА АЛБАНИЈА

    УАПСЕНИ ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ВО КУМАНОВО КОИ ГО СИМНАА МАКЕДОНСКОТО И КРЕНАА ЗНАМЕ НА АЛБАНИЈАТри момчиња го тргнаа македонското и кренаа знаме на Република Албанија на јарболот во центарот на Куманово, полициски инспектори во цивилка успеаа да фатат двајца од нив, а едниот избега (Фото: СДК.МК)

    Тројца тинејџери од Куманово кренаа знаме на Република Албанија на јарболот во центарот на Куманово откако го тргнаа македонското знаме. Момчињата беа забележани од полициски иснпектори во цивилка, кои успеаа да фатат двајца од нив, а едниот успеа да побегне. Веднаш беше повикано засилување од СВР Куманово и двајцата беа приведени во полиција.

    Од Кумановската полиција велат дека работат на расчистување на случајот и дополнително ќе излезат со информации.

    Инцидиентот се случи во 16 часот, пред очите на голем број кумановци кои се враќаа од работа или шетаа по градскиот плоштад. Граѓаните немо го следеа случувањето и коментираа дека ваквите постапки нема да му донесат добро на никого, особено во ваква зовриена политичка состојба во државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира