УДРИЛ СО КОЛА ВО ПОГРЕБНА ПОВОРКА, 10 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕТОВСКО

    УДРИЛ СО КОЛА ВО ПОГРЕБНА ПОВОРКА, 10 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕТОВСКОНесреќата се случила на патот кој водел од селските гробишта во тетовското село Горно Орашј, веднаш по завршувањето на една погребна церемонија на која присуствувале сите десет повредени лица. (архивска фотографија)

    Жител на Мала Речица возејќи својот автомобил удрил во 10 пешаци и сите ги повредил. Според СВР Тетово вчера во 13 часот и 30 минути, на локалниот пат во тетовско Горно Орашје, М. Ј. (61) од Мала Речица, возејќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во десeт пешаци на возраст од 46 до 76 возраст.

    Пешаците биле од селата Јажинце, Непроштено, Доброште, Тетово и четворица од Орашје. Во незгодата тешки телесни повреди добило лицето А.В.(75), од Јажинце кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека телесни повреди имале сите останати пешаци. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

    Од жители од селото Горно Орашје дознаваме дека настанот се случил на патот кој водел од селските гробишта, веднаш по завршувањето на една погребна церемонија на која присуствувале сите десет повредени лица. Од засега непознати причини, возачот на „голфот“, кој и самиот бил на погребот, изгубил контрола над возилото и удрил во пешаците кои се движеле по патот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира