УКРАДЕНИ ДАСКИТЕ ОД КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ

    УКРАДЕНИ ДАСКИТЕ ОД КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕОд секоја втора клупа во центарот на градот се украдени даските и сега само стојат железните рамки.(Фото: СДК.МК)

    Половина од клупите поставени на Плоштадот Македонија во Скопје ги нема. Од секоја втора клупа во центарот на градот се украдени даските и сега само стојат железните рамки.

    Даските од клупите ги нема со месеци. Од Град Скопје не реагираат и не одговараат дали забележале дека им фалат даски на клупите и имаат намера да ги поправат, ниту пак кажуваат кој е одговорен за клупите. 

    Овие клупи беа поставени пред три години во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов бидејќи пред тоа беа уништени речиси сите  клупи што беа поставени при реновирањето на Плоштадот во мандатот на Коце Трајановски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира