УНИВЕРЗАЛНА СКАПУВА, А АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА КАКО ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ПРЕДАДЕ НА ВЛАДАТА

    УНИВЕРЗАЛНА СКАПУВА, А АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА КАКО ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ПРЕДАДЕ НА ВЛАДАТАСДСМ и денес поднесе иницијатива да се предаде Универзална сала на Владата, но мнозинството советници гласаа против овој предлог. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката Данела Арсовска вели дека таа не може да донесе одлука за предавање на скопската Универзална сала на Владата. Откако советнците на СДСМ во Советот на Град Скопје на денешната седница пак поднесоа иницијатива за преземање на концертната сала, Арсовска кажа дека советниците сами треба да одлучат за ова прашање.

    Тоа не е одлука којашто јас како градоначалник можам или сакам да ја направам. Иницијативата беше покрената од советниците, како што впрочем ги покренуваат сите иницијативи, и за тоа тие самите треба да одлучат. Да видиме во која насока се движи дискусијата и кое е всушност барањето коешто претендираат да го постават на дневниот ред на денешната седница на Советот“, рече Арсовска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за точките кои се денеска на дневен ред на седницата.

    Иницијативата на СДСМ за Универзална сала да се додели на Владата за да се догради ни по вторпат не беше прифатена од советниците од другите партии. За неа денеска гласаа само 15 советници односно советниците од СДСМ, „Зелен хуман град“, ДОМ и ЛДП. Другите советници не ја поддржаа иницијативата.

    Универзална сала од доаѓањето на функција на Арсовска не се гради, стои отворена, разурната и скапува. Арсовска рече дека ја стопирала градбата оти проектот не бил безбеден и требало да се прави нов, но оттогаш помина повеќе од една година и ниту има нов проект ниту пак има најави дека се планира да се прави.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира