УПОТРЕБЕНИТЕ МАСКИ ДА СЕ ФРЛААТ СПАКУВАНИ ВО КОНТЕЈНЕРИ И КАНТИ, А НЕ КАДЕ БИЛО, АПЕЛИРА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    УПОТРЕБЕНИТЕ МАСКИ ДА СЕ ФРЛААТ СПАКУВАНИ ВО КОНТЕЈНЕРИ И КАНТИ, А НЕ КАДЕ БИЛО, АПЕЛИРА СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“Големо количество отпад од употребени заштитни маски и ракавици се исфрлаат на јавните површини. (Фото: Комунална хигиена)

    По улици, тротоари и паркови екипите на скопска „Комунална хигиена“ секојдневно собираат употребени маски и ракавици. Од претпријатието велат дека изминативе неколку месеци се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што се исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван се одлага во садовите наменети за комунален отпад.

    “’Комунална хигиена – Скопје го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци. Но, до жителите на градот Скопје апелираме употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот ковид-19“, вели директорот на Комунална хигиена Абдусамед Шабани.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира