НА 22 ЈАНУАРИ ПОСЛЕ 9 ЧАСОТ ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“, ЌЕ ПОЧНАТ ДА ВОЗАТ КОГА ЌЕ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИИ

    НА 22 ЈАНУАРИ ПОСЛЕ 9 ЧАСОТ ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ НА ЈСП „СКОПЈЕ“, ЌЕ ПОЧНАТ ДА ВОЗАТ КОГА ЌЕ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИИВработените во ЈСП „Скопје“ немаат земено плата за месец декември, а ако не им се дадат субвенции нема да имаат пари од каде да поделат плата и во наредните месеци.(Фото: К. Попов)

    Утре, 22 јануари, уште од 9 часот ќе нема автобуси на ЈСП на улиците на Скопје и во приградските населби. Автобуси ќе има само од 4:45 до 9 часот за да можат учениците да отидат во школо, а вработените на работа. Потоа автобусите ќе се исклучат и нема да возат сè додека Советот на Град Скопје не донесе одлука за субвенционирање на претпријатието, за да може да се подели плата.

    „Решивме да излеземе во пресрет на децата за да можат првиот ден од второто полугодие да отидат во школо. Ако во текот на утрешниот ден не ни се дадат субвенции, нема да возиме постојано. Кога ќе се усвои одлуката за доделување субвенции, ќе продолжиме да возиме“, вели Миќо Стојановски, претседател на синдикатот на ЈСП „Скопје“.

    За утре во 11 часот е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје каде точка на дневен ред е субвенционирање на ЈСП.

    Вработените во ЈСП „Скопје“ немаат земено плата за декември, а ако  не им се дадат субвенции, нема да имаат пари од каде да поделат плата и во наредните месеци.

    На седницата на Советот од 30 декември не беше изгласано субвенционирањето од 11 милиони евра, бидејќи не гласаа советнците на ВМРО-ДПМНЕ.

    На ЈСП му се потребни 140 милиони денари за да се спроведе бесплатниот автобуски превоз за пензионери и студенти, 485 милиони денари за потешкотии во работењето, односно да може да се подели плата на вработените и 60 милиони денари за функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира