ВЕЛЕС ПРЕКУ КОНКУРС БАРА РЕШЕНИЈА КАКО ЦЕНТАРОТ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПЕШАЧКА ЗОНА

    ВЕЛЕС ПРЕКУ КОНКУРС БАРА РЕШЕНИЈА КАКО ЦЕНТАРОТ ДА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПЕШАЧКА ЗОНАВелес е можеби единствен поголем град во Македонија кој во централното подрачје нема пешачка зона (Фото: СДК.МК)

    Се бара идејно решение како да изгледа центарот на Велес. Еден конкурс веќе заврши, на него пристигнале два проекта, но комисијата не извршила избор. Во очекување да се добијат подобри решенија, ќе се распише нов, а наградата е зголемена од 2.000 на 3.000 евра.

    „Нашите визии се главната градска улица 8 Септември, од јаворите кај Сармаале до кружниот тек кај споменикот на Илинденците, да биде пешачка зона, со можност по неа да се движат автобуси. Планираме споредните улици Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни, но по нив да не возат автобуси. Ако најдеме решение за паркинг, а размислуваме за неколку опции, постојниот простор пред Судот би бил плоштад со зеленило и клупи“, објасни градоначалникот Аце Коцевски.

    Тој најави дека деновиве ќе распишат нов конкурс за „изработка на идејно архитектонско -урбанистичко решение за уредување на делови од централното градско подрачје во Велес“. Велес е еден од малкуте, ако не и е единствен поголем град во Македонија, кој во централното подрачје нема пешачка зона.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира