ВЕЛЕШКА МАСЛОДАЈНА ЌЕ ГО ОТКУПИ ЦЕЛИОТ РОД НА СОНЧОГЛЕД ОД ЗЕМЈАВА, СЕ ОЧЕКУВА ДА БИДЕ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД ЛАНИ

    ВЕЛЕШКА МАСЛОДАЈНА ЌЕ ГО ОТКУПИ ЦЕЛИОТ РОД НА СОНЧОГЛЕД ОД ЗЕМЈАВА, СЕ ОЧЕКУВА ДА БИДЕ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД ЛАНИМалслодајна го откупува родот за 550 евра по тон, плус 1,2 денари по килограм за превоз. (Фото: СДК.МК)

    Камиони со сончоглед веќе се пред капиите на велешка Маслодајна, каде започна откупот. Цената е 550 евра по тон, кон ова се додаваат и 1,2 денари по килограм за превоз. Од раководството на единствената фабрика во земјава која откупува сончоглед и го преработува, велат дека нашле баланс во откупната цена со која земјоделците ќе можат ги покријат трошоците за работа, да спечалат, а фабриката да може да има конкурентна цена на маслото за јадење.

    „Како компанија дадовме реална цена. Цената на сончогледот во Србија е 535 евра за тон, во Грција 500 евра во Унгарија и Романија околу 520 евра. Дадовме најдобра цена што може да даде фабриката во овој момент. Мораме да водиме сметка да бидеме конкурентни на пазарот со цената на маслото за јадење. Оти се увезува евтино масло од Украина, Србија и мораме да се носиме со цените на конкуренцијата. Откупната цена не е превисока, но и државата доделува субвенции, така што производителите можат да бидат задоволни“, кажа директорот на Маслодајна Горан Лазов.

    Тоја најави дека до нова година на секој земјоделец ќе му биде исплатено и последното предадено зрно сончоглед, како што било со години претходно, така ќе биде и оваа. Фабриката има средства за да ја покрие оваа исплата. Најави дека годинава, после десетина години, ќе има осетно зголемување на родот на сончогледот.

    „Моите процени се дека годинава ќе има род од околу 10 илјади тони, Владата проценува 11,5 илјади тони. Ние ќе го откупиме целиот род. Ова бројка значи четири пати повеќе род отколку лани. Очигледно дека имаме зголемување на родот на сончоглед, има повеќе и површини засеано. Се надевам дека ова ќе продолжи и натаму и за некоја година ќе стинеме и до 40 илјади тони сончоглед, кој што се откупуваше во фабриката во времето на социјализмот“, рече Лазов.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира